Нуркачи од „Амфора“ учествуваа на специјализирана обука во Русија
Претставниците на нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид, Јован Секулоски и Горан Балевски, кои истовремено се припадници на тимот за брз одговор за спасување на вода и подводно деминирање при Дирекцијата за заштита и спасување, учествyваа на специјализирана обука за пребарување и спасување на вода во зимски услови.
Обуката се одржа во капацитетите на Државниот Универзитет за противпожарна заштита на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација во Санкт Петербург.
Истата се состои од основна обука (заштита и мерки за безбедност, прва помош за настраданите, психолошка подготовка за спасителите и др.), и специјална обука (организација и техники на спасување на вода во зимски услови, опрема и средства за спасување и начин на нивна употреба, обука на нуркачите и сл.).
Претставниците на С. Македонија покажаа извонредни резултати и со највисоки оцени ја завршија обуката.