Нуркачите од АМФОРА традиционално го запалија василичарскиот оган
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.
Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите.
WebOhrid / 13.01.2025 / Нуркачки центар АМФОРА