22/11/2024
Охрид

Одбележан Светскиот ден на лица со инвалидност

По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лица со инвалидност, градонацалникот Константин Георгиески оствари средба со  инвалидизираните лица од Охрид и Дебрца во просториите на Здружението  „Мобилност“.

Пред присутните градоначалникот Георгиески истакна дека сите под ова сонце сме еднакви, а тогаш кога ќе сватиме дека потребите на овие лица не се привилегија туку  основно право ќе успееме да изградиме зрело општсество. Георгиевски посочи и дека во тек се проекти на Општина Охрид кои ќе бидат пристапни за оваа категорија луѓе.

– Почитувани присутни, дозволете да ви го честитам 3-ти Декември-  Меѓународниот ден на  лицата  со инвалидност со  желба за добро здравје и напредок на секој план. На овој ден јавно потсетуваме дека вашите права не се привилегија туку дека  се наша обврска за целосно и недвосмислено обезбедување  услови за  непречен пристап, движење престој и работа на сите Вас. 

Радува фактот што од година во година   расте свесноста кај сите нас дека  Лицата со инвалидност  не се „затворен круг “ или   „ Свој  Свет “туку дека тие се дел од нас . Тогаш кога ние стануваме креатори  на промени за достоинствен живот на лица со инвалидитет  помагаме во создавањето на зрело општество во кое се почитува достоинството на сите граѓани подеднакво. Лицата со инвалидитет се најголемото малцинство во Светот, а тоа значи дека ние како општество не само што треба да ги поддржиме туку треба да обезбедиме  услови за нивно нормално функционирање и остварување на нивните права.

Периодов во тек се два крупни проекти на општина Охрид од областа на  инфраструктурата во кои е земена во предвид неопходноста од надминување на физичките бариери за лицата  со инвалидност. Станува збор за реконструкција на Големата општинска сала која ќе биде лесно пристапна и достапна за лицата со телесен инвалидитет. Многу наскоро на стадионот “Билјанини извори“ ќе започне изградбата на Современа трибина, а еден нејзин дел ќе биде наменет за лица со инвалидитет.

Сонцето грее подеднакво за сите нас,сите дишеме еден воздух и имаме потреба за вода и храна, ниту еден од нас не е повеќе или помалку вреден или привилегиран од другиот. Заедно го градиме ова општество и само доколку си подадеме рака едни на други тогаш кога тоа ни е најпотребно ќе изградиме зрела и стабилна држава- рече Георгиески.

Пред присутните се обрати и претседателот на „Мобилност“, Венко Голабоски .

Традиционално лицата со инвалидност , овој ден го одбежаа  со спортски натпревари во дисциплините: шах, пиг понг, табла, пикадо и стрелање со воздушна пушка кои се одржаа во и пред просториите на здружението „Мобилност“ .