26/11/2024
Македонија

Обезбеди ја иднината на твоето семејство – Произведи храна!

ОБЕЗБЕДИ ЈА ИДНИНАТА НА ТВОЕТО СЕМЕЈСТВО
– ПРОИЗВЕДИ ХРАНА! –

Ги повикуваме сите семејства во Македонија ДА ЗАПОЧНАТ СО СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА. Кризата од недостаток на прехранбени производи и да има повремени подобрувања, во целина постојано ќе се влошува. Затоа што и да заврши украинската криза, руско-западното соперништвото кое се издигна на ниво на непомирлива непријателска спротивставеност НЕМА ДА ЗАВРШИ. Истиот судир во некаков облик неминовно ќе продолжи на друго место. Исклучувањето на Русија (со санкциите) од европското стопанство уште долго време нема да биде отстрането, а не постои брза замена за ресурсите кои од Русија доаѓаа. Така што недостатокот на материјалните ресурси ќе носи не само поскапувања, туку и целосно отсуство на некои од најважните животни производи.

Секое тврдење дека постои можност за скора замена на руската нафта, гас, житарици… и другите руски и украински ресурси се политички изјави за обмана на обичното население. Независно од цените и количините на производите за семејствата на политичарите и олигархијата кои тие политики ги креираат, секогаш ќе има доволно, не само за опстанок туку и за луксузен живот. Како и досега обичното население ќе биде тоа врз чиј грб ќе го стават товарот од одмерувањето на моќта на големите сили.

На планетарно ниво е започната глобалистичка војна за осиромашување на народите и создавање на нов светски поредок. Политичката структура во Македонија несомнено е докажана како незагрижена за доброто на граѓаните. Таа структура како и досега ќе биде спроведувач на олигархиско-империјалните политики независно колку и да се погубни за населението. Само во заедништво со сопствено производно обезбедување на иднината населението во Македонија ќе се заштити од тешката стопанска криза која се заканува, но и од намерите за наметнување на генетски изменета храна.

ЗАТОА Македонска Национална Академија (МНА) започнува кампања „ПРОИЗВЕДИ ХРАНА!“.
Кампања за освестување за НЕОПХОДНАТА потреба од 1. што е можно поголемо производство на природна храна и 2. што е можно повеќе самостојно семејно производство на храна. 3. Зачувување на домородните видови на индустриски семиња и животинска стока.

Да не чекаме од никого да нѐ освестува, туку самите да се поттикнеме. Македонија располага со огромен број на квалитетни слободни површини погодни за производство на храна. На секое семејство доволна му е обработка на половина декар обработлива површина за на минимум да ги сведе годишните трошоци за храна. Ако немате земја во своја сопственост во Македонија може лесно да се закупи за ефтини пари. Сѐ е едноставно, ВЕДНАШ ДЕНЕС кренете мобилен, побарајте на интернет, распрашајте се, закупете земја (или набавете стока) и започнувајќи од оваа пролет, започнете со благородна дејност – произведувајте храна. Затоа што кризата неминовно доаѓа и се продлабочува. Подоцна можеби нема да ја имате сегашната можност, затоа како одговорни личности, со сопствено производство ОБЕЗБЕДЕТЕ ЈА ИДНИНАТА НА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО. 

Ве повикуваме како организации и како поединци приклучете се на повиците во кампањата „ПРОИЗВЕДИ ХРАНА!“.


WebOhrid / 03.04.2022 / Македонска Национална Академија