Обид за изнуда од Сашо Иваноски со монструозни клевети за неговите деца врз новинарот Сашо Денесовски
До Здружение на новинари на Македонија
До Совет на честа на ЗНМ,
До Медиумите на Република Македонија
Почитувани, денес во раните утрински часови, 17.05.2018 година сопственикот на Мактел.мк, Сашо Иваноски, најнапред во два телефонски повици кон мене Сашо Денесовски упати закани дека доколку не му дадам 5.000 евра ќе објавел стории за мене, тоа е во првиот повик во 00:01 часот, за една минута подоцна да упати уште еден повик во кој повторно бара 5.000 евра. Следува СМС порака испратена од телефонот на Иваноски 076 764 020 во која СМС порака ќе наведе: ШОКАНТНО: „Познат охридски новинар и рекетар ги рента своите ќерки низ хотели во Охрид, Фото галерија од ќерките“.
Од кога не успеа во неговата намера и од кога не дозволив да изнуди рекет од мене, истиот на неговиот портал Мактел.мк, на 17.05.2018 година во 00:34:18 часот, Иваноски на порталот ќе објави две лажни вести од која во втората вест ќе засегне и деца, на крај на монструозен начин ќе објави : ШОКАНТНО: „Познат охридски новинар и рекетар ги рента своите ќерки низ хотели во Охрид, Фото галерија од ќерките“.
На овој начин, Ивановски изврши стек од Кривични дела Член 258 Став 1,2,3,4 Кривично дело изнуда, како и Кривично дело Уцена по член 259 Став 1, а во врска со Став 2 од КЗ на Република Македонија.
Целокупниот настан од моја страна во 02:00 часот е пријавен во МВР со приложени докази, телефонски повици и СМС пораки, како и предадени се печатени материјали од објавата на Иваноски, на порталот Мактел.мк, од стана на Криминалистичката полицијата извршено е обезбедување на докази- Фотографирани на дојдовни повици и СМС пораката.
Недозволиво е од било каква морално етичка кривично материјално правна основа, колку и тој да сака да изврши изнуди и рекетирање или на друг начин да прикаже нетрпеливост спрема друг, на начин што ќе се фати за најболното нешто за секој човек, нормално- детето и притоа да користи медиум за оцрнување на деца кои со ништо, ама баш со ништо немаат никаква вина ниту некогаш се огрешиле спрема Законот.
Крајно недозволиво говорот на омраза и злоупотреба на деца, кои веќе 13 години живеат во Скопје и се истакнати во своето образование и служат пример за генерациите.
Целокупниот настан е пријавен во МВР, запознаен е Министерот за полиција Оливер Спасовски, премиерот на Владата на РМ, Зоран Заев и бараме од вас и од Надлежните институции веднаш, денес да го разгледате целокупниот настан и да излезете веднаш со осуда и со Ваш став јавно да го осудите ваквиот чин.
Ова не е првпат на ваков начин и со вакви монструозни лажни сценарија Ивановски да прави изнуди од познати личности во општественото – политичкото живеење во Република Македонија.
Од Вас, колегите новинари и сопственици, очекувам јавно да го кренете својот глас против ваквите Монструми во македонскиот медиумски простор, а од МВР и Јавното Обвинителство барам и очекувам веднаш да преземат соодветни мерки со оглед дека Кривичната пријава е поднесена на ден 17.05.2018година во 02:00 часот во МВР.
Доколку Советот на честа на ЗНМ и ЗНМ, МВР и Јавното Обвинителство на РМ не преземат соодветни дејствија соодветно согласно КЗ на РМ, овој Монструм не заврши онаму каде што му е местото- Затвор ќе сметаме дека истиот е под нивна заштита и дека некој го штити за да може преку Иваноски да ги остварува своите валкани цели.
Крајно време медиумската фела да стави крај на вакви монструми рекетари, јавно да ги осуди и истите да бидат на ѕидот на срамот, како во Македонија, така и пошироко.
Почитувани колеги, Оваа личност и во минатото вршела вакви монструози против лица и фамилии, со цел да лекува лични фрустрации на начин што перманетно со години неговиот вокабулар е најголемото дно или поодолно од она уличарското,. Дајте да ставиме крај на ваквите болни Монструми, зошто утре ќе посегне по вашите деца, по вашите сопруги и по вашите фамилии.
Со почит
Сашо Денесовски – сопственик на Македонската независна новинска агенција Охридскај