26/11/2024
Охрид

Обиени просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид

Во доцните вечерни часови, синоќа помеѓу 22:00 и 11:00 часот денес, обиени се просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, информира претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Кирил Пецаков.

„Имавме полиција, односно крим-техника кои што ги испитуваа снимките кои ги поседуваме од видео надзорот, па ќе видиме допрва како ќе го истражат сиот овој случај.

Внатрешно нема никакво оштетување на инвентарот, надворешно се скршени два прозорци преку кои е влезено и пробано е понатаму во остатокот од просториите која секоја поединечно е заклучена да се влези, па затоа пробале од надворешниот дел и влегле преку прозорците.“ – изјави Пецаков.

WebOhrid