Објавен добитникот на наградата „Орфеј”
Објавен добитникот на наградата „Орфеј”, на издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација „Македонија презент“
ПРИЗНАНИЕТО ЗА ЈЕРЕМИЈА ЛАЗАРЕВИЌ ОД БЕЛГРАД ЗА КНИГАТА „ФИЛОЗОФИЈА“
Годинашен добитник на наградата „Орфеј“, која се доделува за најдобра поетска книга, е поетот Јеремија Лазаревиќ од Белград, за книгата „Филозофија“ во издание на Издавачката куќа „Филип Вишњиќ“ од Белград.
„Станува збор за специфична и необична книга која авторот ја завршува со филозофема, односно со филозофска размисла и мисла, како поента и филозофски коментар за денешниот современ живот.“ – појаснува професор д-р Христо Петревски.
Книгата „Филозофија“ е духовито и со досетки напишана и му е посветена на таткото на поетот и претставува омаж за него, навраќајќи се на неговите одамна изговорени зборови: „овој малечок ќе биде филозоф“.
Наградата „Орфеј“ се доделува на домашен и странски автор, а ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација „Македонија презент“ од Скопје.
В.М.