Објавен е огласот за Млад земјоделец од Програмата за рурален развој
Сите млади земјоделци кои имаат до 40 години и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства согласно Законот за рурален развој, од денеска до 19- ти октомври 2018- та година ќе може да аплицираат за добивање на средства за Млад земјоделец од Програмата за Рурален развој. Максималната прифатлива инвестициja, изнесува 600.000,00 денари, или 10 илјади евра а средствата може да се користат за започнување на земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделските производи и производи од животинско потекло, како и за отворање на сопствен агро бизнис. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски вели дека:
„ Средствата се доделуват за период на реализација, на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати. Поддршката е условена со задолжително исполнување на предвидените активности од Деловниот план, a еден од условите за добивање на овие средства е апликантот да не е постар од 40 години. Сите заинтересирни, барањата може да ги достаават електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.“
Оваа Мерка за поддршка на млади земјоделци која се реализира преку Програмата за рурален развој за 2018 – та година, има промени во критериумите, целта е како што истакна Бабовски, да им се даде шанса на младите невработени земјоделци :
„Најмногу бодови при аплицирањето ќе добијат младите кои се невработени повеќе од две години, како и млади членови на земјоделски задруги. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки. Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, и електронски да ги прикачат документите (понуда/профактура за предложената инвестиција и деловен план изготвен согласно предвидениот образец „Деловен план за мерка 112“) – вели Бабовски.„
Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 112 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 162/18)- вели директорот на АФПЗРР Бабовски,
– Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk
– Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.
Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои„Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0518-12116-ХХХХ/1).“ Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
За повеќе информации може да се информирате на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk