Облачно време со врнежи од дожд
Денес претпладне врнежите ќе се претежно во западните делови, а потоа ќе се прошират и кон исток. Врнежи од дожд ќе има и во вторник, а во среда и во ноќта кон четврток само понекаде на западот ќе има локален дожд.
Во вторник и во среда ќе дува повремено засилен јужен и југозападен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава, што ќе овозможи забрзано топење на снегот.