Обновено: Јавен повик за конститутивна седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид
Иницијативниот одбор за оддржување на конститутивната седница на локалното собрание на млади на општина Охрид уште еднаш ги поканува сите облици на младинско здружување активни на територијата на општина Охрид да поднесат пријава за учество во Локалното младинско собрание на општина Охрид согласно објавениот јавен повик. Апликациите може да се поднесуваат најдоцна до 24.04.2021 година (сабота) до 24 часот на емаил: sovetnamladiohrid@yahoo.com
Се известуваат сите заинтересирани апликанти дека согласно јавниот повик мораат да бидат поддржани од некоја од формите на младинско здружување и немаат право да аплицираат самостојно како младински активисти.
Воедно известуваме дека променета е сатницата за оддржување на конститутивната седница на Локалното младинско сорание на општина Охрид и истата ќе се оддржи на ден: 28.04.2021 година (среда) со почеток во 09.45 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД