Обука на царинските службеници за правилата за користење на меѓународни транспортни дозволи
На 29.03.2018 година во просториите на ЦИ Гевгелија во соработка со г-ѓа Билјана Муратовска од асоцијацијата Макамтранс, се одржа првата обука на царинските службеници од областа на познавање на правилата за користење на меѓународни транспортни дозволи со особен акцент на правилата за користење на ЕКМТ дозволи од страна на странски превозници и нивна контрола.
Целта на спроведената обука беше целосна примена на законските одредби со што се допринесува за заштита на домашните превозници од нелојална конкуренција на странските превозници, зголемена контрола што ќе овозможи адекватно користење на транспортните дозволи кои ги издава Министерство за транспорт и врски на нашата држава и ги разменува во реципроцитет со другите држави, како и воспоставување можност за идни преговори со други држави за либерализирани превози како и за зголемување на квотите на дозволи.
Во овој циклус се предвидени обуки на царинските службеници и од другите Царинарници во земјата, а кои се планираат да бидат реализирани во наредниот период.