Обуки – пријавување и оданочување на приходи од имот и имотни права (Закупнина)
Период: Од 09 јануари до 31 јануари 2018 година
Локација: Скопје, Прилеп, Кавадарци, Велес, Пехчево, Свети Николе, Крушево, Куманово, Радовиш, Кичево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Ресен, Струмица, Кратово, Струга, Берово, Пробиштип, Охрид, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Штип, Кочани, Тетово, Демир Хисар, Делчево и Виница.
Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија
Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок.
Целна група: Граѓани – физички лица
Ниво: Општо
Опис на обуката: Еднодневна обука за пријавување, оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и даночните поволности.