Од 1 јули градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде отворен за користење
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека од понеделник 1 јули градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде отворен за користење.
Рекреативното користење на базените е од 13:00 – 19:00 голем базен и 13:00 – 17:30 мал базен. Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи.
Дневниот билет за рекреативно користење, согласно правилникот за цени на претпријатието, е 100 денари.
WebOhrid / 28.06.2024 / ЈП „Билјанини Извори“