Од 1 јули ќе започне намалувањето на роамингот и од 2021 година разговорите во роаминг ќе бидат како и цените дома
Во емисијата „Две години Влада – одговорно пред граѓаните на НРТ, во која гостуваа Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со министерот за здравство Венко Филипче, и со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот Манчевски информираше за степенот на реализација на на Спогодбата за намалување на цените на роаминг услугите во Западен Балкан.
Согласно спогодбата, од 1ви Јули 2019 година операторите ќе започнат да ги намалуваат цените на роаминг услугите, и цените во малопродажбата од 2021 година, во роамингот ќе бидат на ниво на цените на разговорите на домашниот пазар на телеком услуги.
„Согласно Спогодбата за намалување на цените на роаминг услугите во Западен Балкан потпишана на Дигиталниот Самит во Белград на 04.04.2019 од страна на надлежните министерства за развој на електронските комуникации од шесте земји на Западен Балкан, а во согласност со Член 13 од Законот за електронски комуникации, на 23 мај Агенцијата за елетронски комуникации ја објави нацрт Одлуката за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан со цел да обезбеди јавна расправа со која ќе им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови во однос на истите. Рокот на јавната расправа ќе биде до 22ри јуни 2019 година. По завршувањето на јавната расправа и добивање на коментарите од заинтересираните страни директорот на АЕК ќе ја донесе финалната Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан по што од 1ви Јули 2019 година операторите ќе започнат да ги намалуваат цените на роаминг услугите согласно динамиката, која предвидува дека цените на појдовните повици кон земји опфатени со спогодбата ќе биде како и цената на разговорите дома“, информираше Манчевски во емисијата „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, во која гостуваа и Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за здравство, Венко Филипче.