Од 11 до 14 октомври во Охрид ќе се одржи Третото издание на Меѓународниот младински турнир во шах
Од 11 до 14 Октомври во Хотел Филип населба Долно Коњско – Охрид ќе се одржи третото издание на Меѓународниот младински турнир во шах „Ласкер 2018“ на кој учество ќе земат млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција и Македонија.
Турнирот е во организација на Шаховски Клуб Ласкер – Охрид со поддршка од Шаховска Федерација на Македонија, Хотел Белведере Охрид и АРС Ламина Публикација Скопје.
Листата на учесниците може да се погледне на: веб-страната на Светската шаховска федерација ФИДЕ.