Од 7 до 14 јули во Охрид ќе се реализира кампањата „Го сакам градот безбеден“
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на Охрид, од 7 до 14 јули во Охрид ќе ја реализираат превентивната кампања „Го сакаме градот безбеден“.
„Со тоа, ја најавуваме втората недела на безбедност во сообраќајот која ќе се одржи од 7 до 14 јули во Охрид. Во тие седум дена секојдневно ќе се реализираат различни превентивни и едукативни активности.“ – информираат од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.