22/11/2024
Спорт

Од 9 до 11 ноември ќе се одржи Златен Гонг 2017

Една од најтрофејните спортски манифестации во Македонија, Златен Гонг, оваа година ќе се одржи по 47-ми пат. Вип Арената при СЦ „Борис Трајковски“, мала сала од 9-11 ноември 2017 (петок и сабота), ќе ги собере боксерите од Македонија и уште 6 други држави, согласно доставената програма. Натпреварите ќе започнат со полуфиналните борби во петок со почеток од 16:00 до 19:00 часот додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи во петок од 17:30 часот. Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11:00 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено со почеток од 14:00 часот. За учество на гонгот се пријавени околу 40 боксери.

На прес конференцијата во Агенција за млади и спорт, директорот Дарко Каевски потенцираше дека оваа манифестација станува македонски спортски бренд на Балканот и Европа и од таа причина Агенцијата за млади и спорт се јавува како генерален покровител. Поддршката која Агенцијата за млади и спорт е во насока на дополнителна афирмација на боксот во Македонија, како е ден од нашите најуспешни спортови.

„Се надевам на фер плеј борба и судење и упатувам покана до сите вљубеници на боксот да уживаат во перформансите на сите учесници“, – изјави Каевски.

Свое излагање околу спортската манифестација и околу очекувањата имаше и селекторот на македонската боксерска репрезентација Петре Чурлиновски.