Од денеска почнува пререгистрација на постоечките картички за движење на возила во стариот дел од Охрид
Од денеска почнува пререгистрација на постоечките картички за движење на возила во стариот дел од градот. Општина Охрид ги повикува сите жители кои веќе поседуваат картички да се пријават во општината секој работен ден од 21.05.2021 до 04.06.2021 година во временскиот период од 10:00 до 14:00 часот, на посебниот шалтер кој e поставен во зградата на Општина Охрид. Граѓаните кои не ги исполнуваат условите од Правилникот, и не ги пререгистрираат картичките истите ќе им бидат поништени.
На линкот прочитајте подетални информации за документи кои ви се потребни при извршување на пререгистрацијата:
https://ohrid.gov.mk/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0..