Од наредната недела ќе почне со работа советничката канцеларија во општина Охрид
Од наредната недела советниците при Советот на општина Охрид ќе започнат со дежурства со цел да им излезат во пресрет на барањата на охриѓани за побрзо решавање на проблемите од општествената сфера.
Советничката канцеларија во општинската зграда за охриѓани ќе биде отворена во два работни дена од неделата, вторник и четврток во период од 11 до 15 часот. Во деновите за прием на странки ќе дежураат по еден советник од власта и опозицијата.