Од оваа година повисоки субвенции за предадено овошје во преработувачки капацитети
Денеска во Владата на на Република на Македонија се одржа втората седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна, со кој што претседаваше заменик претседателот на Комитетот, односно министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. На седницата присуствуваа советничката за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, како и останатите директори на институциите од областа на земјоделство и претстваници од МЗШВ.
На дневен ред на денешната седница се дискутираше за неколку актуелни точки од областа на земјоделството: Состојбите во житопроизводството и мерки за надминување на проблемите, Состојбите со производството на праски и превземени активности имерки за надминување на можни проблеми со пласман на праските, и Зголемување на капацитетите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и динамика на реализацијана програмите.
Во однос на првата точка за состојбите во житопроизводството и мерките за надминување на проблемите, беше констатирано дека оваа година очекува поголемо производство од минатата година или околу 300.000 тони пченица, со просечени приноси од 3.000 до 4.000 тони по хектар. Претстваниците од МЗШВ, посочија дека изминатиов период се одржани повеќе состаноци со земјоделците производители на пченица и со мленичарите откупувачи, се со цел да се постигне договор од заеднички интерес. Комитетот донесе заклучок, Агенцијата за стокови од следната недела да ја започне постапката за објавување на јавен оглас за откуп на домашна пченица за потребите на резервите, во количина од 12.000 домашна пченица. На овој начин ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која што потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стокови резерви, а воедно ќе се влијае и да се постигне солидна откупна цена на домашното жито. Воедно, за прв пат ќе се пуштат и помали лотови на кои што ќже можат да конкурираат и земјоделците.Овој предлог минатата недела беше прифатен од земјоделците и од мелничарите.
Комитетот го отвори и прашањето за моменталниот откуп на праски. Беше истакнато дека во најголемиот производтсвен регион за праски, Росоман, годинава насади со праски има на околу 5.000 хектари, од кои се очекува производство од 12.000 до 13.000 тони праски. Моменталната откупна цена на квалитететните праски е 20-23 денари за килограм, а праските за преработувачката индустрија и чиј род се проценува на 500 тони, цената е 2 денари за килограм. Министерот Николовски, потенцираше дека субвенциите за предадено овошје во преработувачки капацитетите оваа година се зголемени од 2 на 3 денари за килограм предадено овошје која што им стои на располагање на земјоделците кои имаат праски за предавање во преработувачки капацитетите. Исто така, министерот Николовски потенцираше дека Владата преку МЗШВ интензивно работи на проширување на листата на нови пазар за пласман не само на праските туку и на останатите земјоделски производи.
Во таа насока, беше потенцирано дека се продолжуваат активностите за зголемување на извозот на земјоделски производи, вклучително и праските во Руската федерација, како наш традиционален пазар. Тимови од МШЗВ и од Македонско-руската комора, веќе имаат одржано неколку состаноци со одговорните на руската служба „Росејхоснадзор“, со цел отсранување на сите потенцијални бариери и зголемување на извозот од Македонија. При тоа се работи на проект преку кој што македонските стопанственици ќе можат да имаат директна продажба на производите пред руските ланци на маркети што би се спроведувало преку Македонскиот дом во Русија, а со цел избегнување на посредници кои во моментов ја диригираат и условуваат цената и количините на производите, на штета на производителите. Се констатираше дека најголем проблем во моментов е што нема соодветна база на податоци за количини, цени и динамика во сезона на берба на производите, за да може да се понудат на странските пазари.
Дополнително, министерот Николовски потенцираше дека уште пред неколку месеци е испратен допис до сите конзуларни канцеларии и до амбасадорите, да помогнат во делот на отворањето на странските пазари за македонските земјоделски производи. Од друга страна, информираше дека МЗШВ има изготвено листа од околу 50 заинтересирани фирми за инвестиции, од кои дел се заинтересирани за изградба откупно-дистрибутивни центри, за што Работните групи во МЗШВ веќе имаат направено мапирање на региони каде би се граделе истите.
Во однос на точката за зголемување на капацитетите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и динамика на реализацијана програмите, директорот на АФПЗР посочи дека со новите вработувања се работи на зајанување на капацитетите. Истоа така потенцираше дека досега од привот јавен повик за ИПАРД 2 се склучени 138 договори за мерката 1 и 3, односно Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства и Инвестиции во материјалните средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи. Оаа бројка се очекува да се зголеми во следниот период. Во делот на исплата на субвенциите, се нагласи дека истата се одвива континуирано, со висока реализација Програмата за директни плаќања од околу 95 отсто.