23/11/2024
МакедонијаРегион/Свет

Од овој свет замина уште едно славно име, Даринка Матић Маровић, повеќекратен учесник на „Охридско лето“, соработник на Мехта и Мориконе

Во Белград, во 83. година од животот, почина професорката и диригент, Даринка Матић Маровић.

Маестро Матић Маровић, беше повеќедеценски диригент, ректор при Универзитетот на уметностите во Београду и декан на Факултетот за музички уметности.

Даринка Матић Маровић е родена 1937 година во Херцег Нови, Црна Гора.

Во Београд дипломирала на Музичката академију – педагошки одсек со главен предмет клавир, а потоа и одсек диригирање.

Запамтена е и како професор на Балетското училиште „Луј Давичо”, како и на музичкото „Станковић”,каде прославениот професор и диригент Бранко Цвејић ја упатил во хорската музика.

1971. завршила диригирање, по што е првата жена диригент на академски хорови „Колегијум музикум” и”Обилић”.

За 40 години постоење на хорот „Колегијум музикум”, заедно со своите хористки, Матић Маровић, ги обиколи најпрестижните музички храмови во светот.

Мегу нив, секако и неповторената охридска “Света Софија”, во Охрид, каде настапуваше повеќе пати (1978,1980,1986,1990,2003),секогаш пред преполн аудиториум.

Заедно со маестро Матић Маровић, духот и податливоста на централниот музички храм на мегународниот музичко – сценски фестивал “Охридско лето”, одзвонуваше во „Карнеги хол”, во Њујорк, „Оркестар хол”, во Москви, потоа во Мексико, Рим, Сан Франциско, Лењинград (Санкт Петерсбург), Париз, Лисабон, Мадрид, Њу Делхиј, Хавана, Брисел, Штутгарт, Виена, Прага, Букурешт, Пекинг, Берлин, Стокхолм…

Нејзината кариера траеше безмалку половина век, за кое време одржа повеќе од 10.000 концерти.

Соработуваше со врвни композитори и музички исполнители, од големината на маестро Зубин Мехта, роден во Индија, од 1981 доживотен директор на Израелската филхармонија (учесник на фестивалот “Охридско лето”, 2007), како и Енио Мориконе, италиански композитор и диригент, кој почина пред една седмица, на 91 година во Рим, исто така учесник на “Охридско лето” .

Македонија, Охрид и посебно фестивалот “Охридско лето”, не треба да го заборават придонесот на маестро Даринка Матић Маровић, која се вгради во растежот и мегународната афирмација.

Веле Митаноски