07/10/2024
Македонија

Од пазарот се повлекуваат серии од производите Кексичи какао прелив и Најлепше жеље кукис ноисет

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, од компанијата Атлантиц траде Скопје Доо Илинден доби известување дека поради  можност за присуство на  надворешно тело, од пазарот ги повлекува следниве производи:

– 280766 Кексичи какао прелив 220 гр. серија 1507482842 со рок на траење 11.05.2025 
– 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025. 

Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија. 

АХВ како одговорна институција за безбедноста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите. До потрошувачите како и компанијата увозник, упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови  на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.


WebOhrid / 20.09.2024 / АХВ