16/09/2024
Охрид

Од петок (28.06.2024) започнува ограничениот летен режим за движење во стариот дел од градот

Од петок, 28 јуни 2024 ќе почне да функциоира ограничениот режим за движење во стариот дел од градот за време на летната сезона.

Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11.05.2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“.

„Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од дополнителни информации или се соочуваат со проблеми во однос на режимот за движење да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“, Спортска сала „Билјанини Извори“.

Ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат и да се придржуваат кон времениот ограничен режим на движење во стариот дел од градот.“ – стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“.


WebOhrid / 25.06.2024 / ЈП „Билјанини Извори“ Охрид