26/11/2024
Македонија

Од полноќ горивата поевтинуваат за еден денар

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,25%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 97,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 93,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,990 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,473 ден/кг.


WebOhrid / 12.09.2022 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги