Од полноќ нови цени на нафтените деривати
Малопродажните цени на бензините се намалуваат за половина денар за литар, а дизелот останува со иста цена, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на „еуросупер БС – 95“ од полноќ ќе изнесува 67 денари за литар, „еуросупер БС – 98“ ќе се продава за 69 денари литар. Цената на дизелот останува 58 денари за литар.
За половина денар се намалува и цената на маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и ќе се продава по 57,50 денари литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг.