Од понеделник охридската Библиотека со летно работно време
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 14 јуни до 31 август годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.
Од НУ Библиотеката „Григор Прличев“ информираат дека во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.
Во терминот од 08:30 до 16.00 часот, Библиотеката ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.