Од понеделник промена на времето
Од УХМР известуваат дека во понеделник ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период на годината.
Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.