Од седницата за доверба на Владата во Собранието на РМ: Сега врз администрацијата нема притисок и присила
На денешната седница на Собранието на Република Македонија со единствена точка на дневен ред, прашање за доверба на Владата на РМ, Министерот за информатичко општество и адинистрација, Дамјан Манчески реплицираше на обвинувањата на пратениците на опозицијата за партизација на администрацијата и потенцираше на „крупната разлика меѓу односот со администрацијата сега и порано“.
Манчевски, илустрирајќи ја затекнатата состојба во администрацијата, укажа на фактот дека во Министерството за информатичко општество и администрација од 9 сектори само еден имал раководител на сектор, и како што дополни тој, никој немал објаснување за таквата систематизација, освен фактичката ситуација дека на тој начин била блокирано функционалното извршување на програмските обврски.
„Вие вработувавте за потребата на партијата. Затоа имаме случаи на несоодветни кадри на конкретни работни места. Денес се вработува со оглас согласно потребата на инситуциите“ рече министерот Манчевски.
Тој, во продолжение на својата реплика на настапите на пратениците на опозицијата го истакна усвојувањето на Стратегијата за реформа во јавната администрација со акциски план за периодот 2018-2022.
„Во подготовката на стратегијата имавме широка дебата, беа присутни сите, ве немаше само вас, опозицијата. Беа присутни двата синдикати, невладини организации, граѓани. Вие носевте закони преку ноќ за кои граѓаните дознаваа отпосле. Сега се консултираме со сите, па дури и со вас“, истакна Манчевски.
Илустрирајќи ги разликите во односот со администрацијата во државата, министерот за информатичко општество и администрација нагласи дека луѓето веќе не чувствуваат притисоци и присила.
Во завршницата на своето излагање Манчевски, потсети и на решението за околу 1600 вработени кои досега беа без работни активности, а земаа плата, и со кои сега се постигнаа договори да бидат ангажирани на реални работни места.