Од утре дожд и опаѓање на дневната температура
Од УХМР известуваат дека времето денес и утре (вторник) претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време.
Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе предизвика позначително опаѓање на дневната температура.