23/11/2024
Македонија

Од вторник почнува Кино утро во Кинотеката на Македонија

Пет филмови за деца ќе бидат прикажани од 9 до 20 јануари во Кинотеката на Македонија. Програмата на Кино утро ќе биде отворена на 9 јануари со проекцијата на филмот „Мравко“. Истиот филм ќе може да се погледне и на 15 јануари. „Мравко“ е синхронизиран на македонски јазик.

На 10 и на 16 јануари ќе се прикажува „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11 и 17 јануари е филмот кој е синхронизиран на македонски јазик, – „Малите виленици Пикси“, на 12 и 18 јануари – „Мармадјук“, а на 13 и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“.Сите проекции ќе почнуваат напладне во 12 часот.