Одбележан „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“ во ОУ „Григор Прличев“
„Меѓународен ден на мајчиниот јазик“
„Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатоци во зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.“
Крсте Петков Мисирков
Мајчиниот јазик, мојот корен, мојата душа и моето јас… е скала со која се искачуваме во животот. Денес, 21.02.2020 год. се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Традицијата започна во 2000 година и се одбележува во целиот свет бидејќи според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драстично намалување на јазиците. Во светот денес се зборуваат околу 6500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот. Во ОУ„Григор Прличев“ се одбележа овој меѓународен ден со симболиката на –омилениот збор. Имено, во сите одделенија се прочита пораката за мајчиниот јазик и на хамер учениците можеа да го напишат омилениот збор: игра, радост, татковина, смеа, радост, љубов, сонце, среќа… детските раце го пишуваат она што им говори срцето.
Затоа треба да се грижиме и да го негуваме нашиот мајчин јазик –првиот јазик којшто човекот го учи од неговото раѓање.