26/11/2024
Охрид

Одбележан Меѓународниот ден на мирот

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци, денеска во Охрид беше одбележан 21. Септември, Меѓународниот ден на мирот.

На пригодната свеченост, присуствуваше делегација на општина Охрид, составена од советниците Елеонора Куноска и Димитар Манчев, како и делегација на општинската организација на Сојузот на борци, претставници на други здруженија и граѓани.

Поради почитување на протоколите и мерките за заштита од „КОВИД-19“, годинава изостана одржувањето на традиционалниот „Марш на мирот“.