Одбележан патрониот празник на ОСУ „Св.Климент Охридски“
Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“, синоќа, со пригодна свеченост што се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, го одбележа патрониот празник. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски.
Манифестацијата беше збогатена со богата културно – забавна програма подготвена и изведена од професорите и учениците на ОСУ „Св. Климент Охридски“.