Одбележана годишнината од смртта на Христо Узунов
Во рамки на чествувањата по повод одбележување на годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, денес делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе пред неговата спомен-биста во градскиот парк.
Делегација на општината присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на познатиот охридски револуционер во Цер – Кичево.
Деновиве со културно уметничка програма ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.
WebOhrid / 24.04.2023 / Општина Охрид