Одбележана годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков
Со полагање на свежо цвеќе пред куќата на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков, денес, беше одбележана годишнината од неговата смрт. Делегации од Општина Охрид, Подрачната единица на историскиот архив на Македонија, Сојузот на Борци од НОБ и политички партии, се поклонаа пред спомен плочата.
Во негова чест, во подрачната единица на историскиот архив на Македонија, се одржа историски час на кој зборуваше Славица Јанкоска, а беа презентирани и сите историски документи што ги поседува архивот.