22/11/2024
Дебрца

Одбележани 74 години од битката кај Српница

Градоначалниикот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, заедно со претставници на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и граѓани ја одбележаа 74 годишнината од битката кај Српница.

По тој повод беше положено свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во селото Лешани и пред споменикот на паднатите борци од НОБ во месноста Српница.

Историски час за значењето на овој настан одржа Гоце Георгиески – претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебрца.

„Со намера да ги ослободат комуникациите за врска со армиската Е група германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против единиците на НОВ И ПОМ ја презедоа Пролетната офанзива што траеше од 24 април до 19 јуни 1944 година.

Во рамките на ова офанзива при крајот на Април, Првата-Македонско-Косовска-Ударна бригада го отпочнала походот од Егејска Македонија кон Дебрца за да ја поврати слободната територија Дебрца и го ослободи сопствениот народ од невидениот терор. Се до 8 мај Бригадата водела офанзивни борби, посебно кај селата Завој, Велмеј, Лешани , Брежани – во месноста Српница, Слатино, Оздолени, Цер, Арбиново, Лактиње и други“, вели Георгиески.

Во борбата на бригадата при пробивот на бугарскиот непријателски обрач, на 29 април 1944 година во месноста Српница животите ги положија 13 борци, кои со своите млади животи и пролеана крв се втемелија во создавањето на првата слободна македонска држава.