22/11/2024
Дебрца

Одбележани 76 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ на Славеј Планина и во подкараорманското село Годивје

Пред Спомен обележјето на Славеј Планина, местото каде беше и формира, денес, со народен собир, организиран од општинската организација на Сојузот на борци од НОАВ и ПОМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, заедно со локалната самоуправа на општина Дебрца, одбележана е 76. годиншнината од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев”, чин кој се слави како Ден на АРМ.

По одржувањето на преспанскиот состанок на кој беше анализирана состојбата, донесен е заклучок дека се создадени услови за создавањена регуларни воени формации, единици кои ќе бидат способни воено и политички да делуваат на целата територија на Македонија. Така со наредба на Штабот на 2-та оперативна зона, на 18-ти август 1943 година, на Славеј планина се формира Првиот баталјон „Мирче Ацев“, прва регуларна воена единица на македонскиот народ.

Беа положени венци и свежо цвеќе, од страна на градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и претставникот на Боречката организација, професорот Љубиша Машановиќ, кој говореше за начењето на формирањето на првата воена регуларна единица на НОВ и ПОМ.

Денешниот ден е и ден во кој не смееме да ги заборавиме сите оние кои загинаа и кои ги положија животите за својата татковина, за Македонија. Вечно нека се памети нивниот пример за тоа како се сака и како се брани сопствената земја, напомена Машановиќ.

Народен собир се одржа и во подкараорманското село Годивје, во Спомен собата на батаљонот, во организација на Организицаијата на ветераните од одбраната и заштитата за општините Охрид и Дебрца.

За борбениот пат на Батаљонот, подоцнежното опкрупнување и неговото влегување во составот на Првата Македонско-Косовската ударна бригада, за борбите, зачувувањето на ослободената територија Дебрца, како и за погибијата на многу борци низ кическите секла, говореше претседателот на организацијата, полковник Добре Вељаноски.

На настанот говореше и претставник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Веле Митаноски