22/11/2024
Охрид

Одбележувањето на јубилејот -1000 години од формирањето на охридската Архиепископија ќе се одржи на 27 мај во црквата „Св.Софија“

Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија на својата редовна седница одржана на 13.03.2018 година донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија. Централното одбележување ќе се одржи во катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Св. Софија“ во Охрид на 27 мај.

Со оглед на важноста на милениумски неповторливиот јубилеј, како во рамките на Република Македонија, така и во цела Европа, Владата на Република Македонија формира работна група за утврдување на програма за одбележување на јуби­лејот 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија од страна на државата, со претставници од следните инс­ти­­туции: Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Службата за општи и заеднички работи, Музејот на Маке­до­нија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, општина Охрид, Македонска филхармонија и Право­славниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“.