„Одбројување“ на Фросина Пармаковска ја доби наградата „Роман на годината“
Романот “Одбројување“ на Фросина Пармаковска, објавен од издавачката куќа „Или-или“, е избран за наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“…
Жири-комисијата го избра романот на Пармаковска меѓу 27 пристигнати авторски трудови, а помеѓу останатите финалисти вотрка за на наградата беа и романите „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, издание на „Готен“, и „Диссомнии“ на Игор Станојоски, издание на „Антолог“.
„Одбројување“ е трет роман на Пармаковска која дипломирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институт за македонска литература. Таа е авторка и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.
Наградата „Роман на годината“ од 1999 до минатата година ја доделуваше згаснатиот „Утрински весник“.