Одиграни првите натпревари од Бизнис лигата во мал фудбал
Со натпреварите од А групата започнаа возбудувањата во Бизнис лигата во мал фудбал организирана од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“. Постигнати беа следните резултати:
ЈП Проаква 3:8 АСП Пак
Жито Леб 3:2 Градски Пазар
Хотел Инекс 0:3 службено Хотел Метропол
Заостанатиот натпревар од првото коло помеѓу тимовите на Инекс и Метропол заврши со службен резултат од 3:0 за екипата на Метропол. Тимот на Инекс не се појави на закажаниот термин за одигрување на заостанатиот натпревар.
Мечевите продолжуваат денес (11.02.2018) со трите дуели од Б групата, каде ќе играат:
13:00 часот: Костал – ЛТХ Леарница
14:00 часот: Комуналец – Општина Охрид
15:00 часот: Еко Шпар – Нискоградба