Одиграно 21 коло од Првата МФЛ
Денес се одиграа натпреварите од 21 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:
Академија Пандев 0:2 Шкупи
Победа 0:1 Работнички
Шкендија 3:0 Беласица
Силекс 0:0 Ренова
Вардар 3:1 Македонија ЃП
На врвот од табелата се наоѓа Шкендија со 47 бодови, пред Вардар на второто место со 38 бодови и Академија Пандев на третото место со 36 бодови. На врвот од листата на стрелци се наоѓа Влатко Стојановски (Ренова) со 12 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими (Шкендија) и пред Изаир Емини (Шкендија) со по 11 голови, и Петар Петковски (Работнички) со 10 постигнати голови.
WebOhrid