Одличен старт на охридските спортски стрелачки надежи
На самиот почеток на натпреварувачката сезона, на Првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје- национална програма, што викендов се одржа на стрелиштето во Велес, охридските стрелци повторно се претставија во најдобро светло.
Прво место во категорија на пионерки за Марија Ванѓеловска со извонредно висок резултат од 177 кругови, оставајќи ја зад себе второпласираната долгогодишна првенка од Прилеп, Ирина Јованоска со цели 12 кругови.
И во екипен пласман прво место за пионерките од СК „Охрид“ во состав:
Марија Ванѓеловска 177
Марија Ангеловска 163
Ива Маленко 157 круга, или вкупно 497 круга, дури 60 повеќе од второпласираната екипа на СК „Стрелец 09“ од Прилеп
И стрелците од ЖСК ,,Лихнидос“ се запишаа на листата на победниците, но овојпат мораа да се задоволат со третата позиција и во поединечен и во екипен пласман.
Бојан Спасеновски со резултат од 169 кругови се пласира на третата позција, заостанувајќи зад второпласираниот стелец од Херој Прилеп, Мартин Ангелески само за еден круг, но 9 кругови зад првопласираниот стрелец на СК ,,Стрелец“ од Скопје- Христијан Ристески.
И во екипен пласман трета позиција на стрелците на ЖСК „Лихнидос“ во состав:
Бојан Спасеновски 169 круга
Кристијан Џепароски 161
Никола Спироски 147 круга или вкупно 477 кругови, 15 кругови помалку од второпласираната екипа на СК ,,Стрелец 09“ од Прилеп и 27 кругови помалку од првопласираната екипа на СК „Стрелец“ од Скопје.
И покрај сите напори на клубот, во Календарот на натпревари за 2018 год. на охридското стрелиште повторно нема натпревар, иако е едно од најдобро опремените стрелишта во Македонија кое ги исполнува сите услови за одржување на натпревари согласно Правилата на МССФ.