Одложено запрашувањето против комарци
Поради неповолните временски услови теристичката (од земја) дезинсекција против комарци, најавена за оваа седмица на територијата на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, се одложува за наредната прва седмица во месец јули 2018.
За точниот период на вршење на дезинсекцијата Центар за јавно здравје навремено ќе ја извести јавноста.