Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ЛУПД за формирање на ГП на дел од КП 487/1 КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10 КО Охрид 4
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 39/16), Општина Охрид, на ден 26.06.2020 година, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ЛУПД за формирање на ГП на дел од КП 487/1 КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10 КО Охрид 4 со намена В-5 верски институции, Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- 2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за формирање на ГП на дел од КП 487/1 КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10 КО Охрид 4 со намена В-5 верски институции, Општина Охрид, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е предвиден со Планската програма, а врз основа на намената предвидена со Услови за планирање на просторот, а кои произлегуваат од Просторниот план на РМ, техн.бр. Y 14019 односно Решението за Услови за планирање на просторот од Република Македонија од Министерство за животна средина и просторно планирање со бр. УП1-15109/2020 од 06.02.2020г..Со реализација на планскиот документ е предвидена следната класа на намени: Јавни институции, В-5 верски институции. Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот.
- Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.