26/11/2024
Охрид

Одлука за поништување на Одлуката за спроведување на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина на планскиот документ ДУП за УЗ 8 дел од блок 8.1

Одлука за поништување на одлуката за спроведување на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина на планскиот документ ДУП за УЗ 8 дел од блок 8.1, опфат 1, КО Охрид 2, општина Охрид 2017-2022 

Поради направена техничка грешка во насловот при изготвување на Одлуката за спроведување на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина на планскиот документ ДУП за УЗ 8 дел од блок 8.1 ,опфат 1, КО Охрид 2, општина Охрид 2017-2022, Одлуката бр. 21-2272/2 од 04.03.2019год., се поништува и истата се става вон сила.

Оваа Одлука треба да гласи Одлука за спроведување на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина на планскиот документ ДУП за измени и дополнувања на ДУП за УЗ 8 дел од блок 8.1 ,опфат 1, КО Охрид 2, општина Охрид 2017-2022год.

Оваа Одлука стапува во сила со денот на донесувањето.

Изготвил:
Виш соработник
Јасминка Т.Момироска

Одобрил:
Рак.на одделение
Хавза Р.Каќел

в.д. ГРАДОНАЧАЛНИК
Д-р Константин Георгиески