Одлука за спроведување на стратегиска оцена
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ“ бр.53/05,81/05,24/07, 159/08, 48/10,124/10, 51/11,123/12, 93/13,42/14, 44/15,129/15и 39/16), Општина Охрид, на ден година, 28.02.2019 донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ ДУП за УЗ 8, дел од блок 8.1-опфат1 КО Охрид 2, Општина Охрид 2017-2022 г. кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ДУП за УЗ 8, дел од блок 8.1-опфат1 КО Охрид 2, Општина Охрид 2017-2022 г.
се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
3. За планскиот документ ДУП за УЗ 8, дел од блок 8.1-опфат1 КО Охрид 2, Општина Охрид 2017-2022 г, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
4. Општина Охрид имајќи во предвид дека е подрачје под заштита на УНЕСКО, во обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да бидат опфатени следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство) како и влијанието на социоекономската состојба.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.