26/11/2024
Охрид

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ локален еколошки акционен план на општина Охрид 2019-2025

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08,48/10, 124/10,51/11, 123/12,93/13, 42/14,44/15, 129/15 и  39/16),Општина Охрид, на ден година, 30.01.2020 донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ Локален еколошки акционен план на Општина Охрид 2019-2025 г. Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
  2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Локален еколошки акционен план на Општина Охрид  2019-2025 г. Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за    животната    средина    и просторно   планирање, ЈУНП   Галичица,   ЈНУ   Хидробиолошки   Завод и Општина Охрид
  3. За планскиот документ Локален еколошки акционен план на Општина Охрид 2019-2025 год., кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ се очекува дека ќе има влијание врз животната средина
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва,воздух, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство) како и влијанието на социоекономската состојба.
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и: ohrid.gov.mk
  6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН НА ОПШТИНА ОХРИД 2019-2025 Г. ОПШТИНА ОХРИД