Одреден притвор за три лица за убиството во Дебар
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство во врска со убиството на А.П. (54), Н.П. (53) и нивната 14-годишна ќерка во Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, како и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во врска со „убиство“.
Б.П., Ф.Г. и В.К. се приведени, а судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар им одреди притвор во траење од 48 часа.