Одржан хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024
Насмевки, сплотеност, тимска игра и хуманост е сликата од хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024, кој веќе трета година е успешна приказна за организаторите и учесниците.
На 8.06.2024 година во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид се одржа Третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024, покровител на настанот е ОСМТХ Велик Приорат Македонија, Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.
„Oва е трет хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024 година, кој прерасна во една убава традиција, турнирот е одлична можност за децата на возраст до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, особена благодарност упатуваме до нашите соработници од К.К „Колибри“, кој веќе трета година по ред е со нас во оваа организација, а за прв пат оваа година и „Про Баскет Јуниор“ од Охрид“, велат организаторите.
На хуманитарниот турнир учество зедоа над 110 деца.
„Ни претставува огрома чест и задоволство што помина сè во најдобар ред, што преку хуманост децата имаа можност за дружба, тимска игра, спорт, рекреација, едукација, додека со помош на Здружение Енхелеус Лихнид придонесовме и за подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина од најмладите“, додаваат огранизаторите на настанот.
Меѓудругото, за најуспешните три екипи обезбедени беа вредни награди од страна на главниот покровител на настанот, додека секој учесник доби капа, маичка и благодарница за земено учество.
Во категоријата деца до 9 годишна возраст првата награда припадна на екипата „Тројцата кошаркари“ за кој настапија Петар Танаскоски, Марко Рафтоски и Милан Милошевиќ, второто место припадна на екипата „Кошаркари“ за кој настапија Мевљана Салиоска, Алексеј Димитриески и Харун Даут, додека третото место припадна на екипата „Колибри“ на Милош Милошевиќ, Сергеј Ристиќ и Викторија Анѓелоска.
Во категорија 10-11 години првата награда припадна кај екипата „Згради“ за кој настапија Филип Тасески, Лука Блажески, Филип Блажески и Маркијан Попов, второто место го земаа екипата „Метли“ за која настапија Никола Пуфтоски, Владимир Стојкоски и Петар Медароски и третото место припадна кај екипата „Тигри“ за која настапија Марко Попоски, Лука Иваноски, Антонио Шопоски и Петар Гергески.
Категорија 12-13 години првата награда припадна на „Про Баскет Јуниори Пантери“ за која настапија Дејан Вангелоски, Андреј Шопоски и Кирил Лазарески, втората награда припадана на екипата „Ѕид“ за која настапија Ирина Ристиќ, Јана Блажеска и Бисера Златева, додека третата награда припадна екипата „Гром“ на Лука Николоски, Горазд Станковски и Климент Пројковски.
Додека кај највозрасните првото место припадна на „Гладни волци“ за кој настапија Јован Анѓелскоски, Бојан Мојсоски и Матеј Стојаноски, второто место припадна на „Македонски лавови“ на екипата Мартин Мацкоски, Михаил Маркулев, Николче Баталоски и Андреј Цветковски, додека третото место Данг данг данг“ за која настапија Димитри Паскали, Матеј Каланоски, Методија Јаневски и Александар Наумов.
Сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели и во Центарот за аутизам во Охрид.