20/02/2025
Спорт

Одржан IV Рапид турнир во шах „Езерски Бисер“ 2025

Денес (16.02.2025) во просториите на ООУ „Братство Единство“ Охрид се одржа четвртото издание на Рапид турнир Езерски Бисер 2025, на кој учествуваа 56 шахисти од Македонија.

Турнирот се играше по Швајцарски систем во 9 кола со темпо на игра 10’05”. Најдобро пласирана шахистка беше Елена Лушеска ШК Ласкер Охриид, најдобро пласиран млад шахист Димитар Симоноски ШК Шах Шех Битола, најдобро пласиран шахист во категорија 60+ Шкриељ Зеца ШК Прилеп Прилеп.

Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го освои Ѓорѓиески Дејан ШК Пелагон Прилеп со освоени 7 поени и најдобар Бухолц, сребрен медал за Петровски Иван ШК Шах Шех Битола со 7 поени и послаб Бухолц од прво пласираниот шахист, бронзен медал за Николоски Кире ШК Прилеп Прилеп со 7 поени и најслаб Бухолц, четврто место за Неделковски Андреј ШК Шах Шех Битола со 6,5 поени и пето место за Насков Алекс ШК Штајниц Битола со 6,5 поени и послаб Бухолц од четвртопласираниот шахист.

Благодарност до Општина Охрид, Зегин Скопје, Хотел Су Охрид и ООУ Братсво Единство Охрид, кои го помогнаа одржувањето на турнирот.

Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: http://laskerohrid.weebly.com